Почетна » Новости » Животни стории » 76-годишен прогледа по разговор со фотографија од починатата сопруга

76-годишен прогледа по разговор со фотографија од починатата сопруга

По 10 години поминати во мрак, Џорџ Хадспет за големо чудо си го повратил видот откако ја бакнал фотографијата од неговата почината сопруга за „добра ноќ“.

76-годишниот пензионер кој 10 години е регистриран како слеп, а од пред една година целосно го изгубил видот, минатата седмица одненадеж прогледал.

Тој бил толку среќен што останал буден до 5ч. наутро за да гледа телевизија, сакајќи да ја искористи шансата максимално за во случај повторно да го изгуби видот. Благодарение на неговото неверојатно оздравување, Џорџ минатата седмица успеал за првпат ја види својата петмесечна внука.

ЏорџЏорџ со фотографијата на неговата сопруга

Еве што раскажал среќниот Џорџ за моментот кога прогледал:

Го слушав телевизорот и се обидував да си измислам приказна за тоа што се случуваше. Таа ноќ слушав една приказна и за време на рекламите се свртев налево каде што беше фотографијата од мојата почината жена. Па, ја зедов фотографијата и ѝ зборував како што го правам тоа секоја ноќ.

Потоа, се свртев повторно кон телевизорот и можев да го видам екранот со сите бои. Бев преплашен.

Се разбудив во 6ч. наредното утро и отидов на прошетка. Воопшто не бев уморен.

Не сум религиозен човек. Не верувам во Библијата, но верувам во духовен свет.

Постои само еден начин да се опише тоа што повторно гледам: тоа ми значи сè. Сè уште сум на врвот на светот. Тоа е чудо.

Џорџ и ШилаЏорџ и сопругата Шила на меден месец во 1985г. Шила починала во 2009-та од пневмонија.

Докторите не можат да го објаснат опоравувањето на Џорџ, но некои сметаат дека е можно да бил погрешно дијагностициран.

Џорџ сега единствено се плаши да не го изгуби видот така ненадејно како што и си го поврати. Сепак, во моментов неговата среќа е бескрајна.

„Сакам да му кажам на цел свет дека седам на врвот на Монт Еверест и викам: Можам да гледам!“

„Не можам да го објаснам. Не можам да ги најдам правилните зборови. Можам да гледам како и сите други. Навистина е неверојатно и не можам да бидам посреќен“ – изјавил тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.