Почетна » Новости » Животни стории » 13-годишно девојче со два типа рак е најинспиративното лице на CoverGirl

13-годишно девојче со два типа рак е најинспиративното лице на CoverGirl

Козметичката компанија CoverGirl има повеќе славни заштитни лица. Нивната козметика ја промовираат Тејлор Свифт, Елен Деџенерис, Пинк, Софија Вергара, Квин Латифа... Но, најинспиративното лице на CoverGirl е 13-годишната Талија Џој Кастелано, која боледува од два типа рак, но не дозволува тоа да го убие нејзиниот весел дух.

ТалијаТалија за CoverGirl

Минатиот месец, во шоуто на Елен Деџенерис, Талија дозна дека CoverGirl ја прогласи за свој почесен претставник. Козметичкиот бренд тогаш ѝ подари маса за шминкање и 20.000 долари.

ТалијаТалија во шоуто на Елен

Позитивното девојче не го освои светот само со кампањата на CoverGirl. Видео блогот на Талија на YouTube го следат милиони луѓе кои ја охрабруваат и ѝ се восхитуваат на храброста, но и се учат од нејзините мејкап туторијали.

Талија се заљубила во шминкањето пред шест години, кога било откриено дека има невробластома. Во едно од своите видеа таа раскажала за своите чувства. „Не си мислиш ох, господе, ќе умрам. Си мислиш: Ќе ја изгубам косата, ќе бидам слаба, нема да можам да јадам, да одам на училиште, да ги гледам моите пријатели“ – вели таа.

Храбрата Талија признала и дека ги мрази периките зашто прават да се чувствува неприродно, па ја користи шминката како замена за перики. „Кога ставам шминка чувствувам дека можам да ги истакнам оние црти кои ги сакам кај себе. Чувствувам дека кога некој ме гледа, тој го упатува погледот кон мојата шминка, а не ја гледа мојата ќелава глава“ – открила таа.

Ова лето Талија добила уште една лоша вест – дека истовремено боледува и од пред-леукемија. Моментално таа се наоѓа в болница, каде што со различни методи докторите се обидуваат да извојуваат победа против ракот.

ТалијаТалија во болницата со добиените подароци

И покрај сè, Талија редовно ги известува своите фанови за својот живот и во секое видео покажува незамисливо голем ентузијазам и оптимизам. Таа навистина е голема инспирација.

„Шминката е моја перика“ – тоа е мотото на Талија.

Талија во шоуто на Елен

Мејкап туторијали на Талија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.