Јуни ќе нè поттикне да бидеме попретпазливи на секое поле во животот. Уште две други планети (Меркур и Нептун) ќе ѝ се придружат на армијата ретроградни планети составена од Венера, Јупитер, Сатурн и Плутон.
Ова е месец во кој треба внимателно да ги разгледуваме и анализираме нашите планови и екстремно внимателно да ги избираме кажаните зборови, затоа што конфликтите потешко ќе се разрешуваат.
Ќе имаме и две еклипси, што значи дека ни претстојат ненадејни случувања, но и соочување со препреки. За среќа, пандемијата сите нè научи да бидеме флексибилни и брзо да се адаптираме на промените, па предизвиците сега не треба толку многу да нè плашат.
Најсреќни од новите небесни поместувања и случувања ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ и РАКОВИТЕ.
| Датум | Случување | 
| 5 јуни | ☽ Настапува полна месечина во стрелец | 
| 18 јуни | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во рак | 
| 20 јуни | ☉ Сонцето влегува во рак | 
| 21 јуни | ☽ Настапува млада месечина во рак | 
| 23 јуни | ♆ Нептун преминува во ретроградно движење во риби | 
| 25 јуни | ♀ Венера преминува во директно движење во близнаци | 
| 28 јуни | ♂ Марс влегува во овен | 
Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
		
