Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ФЕВРУАРИ, 2020

Месечен хороскоп – ФЕВРУАРИ, 2020

Февруари е како создаден за љубов, барем во првата половина. И да не беше Денот на вљубените, овој период ќе ѝ беше посветен на љубовта, благодарение на претстојните движења на небесните тела.

Во првата половина на месецот, страсниот Марс ќе ни подари безгрижност и желба за авантури, романтичната Венера ќе ни го разгори огнот во нас и ќе ни покаже колку силна може да биде љубовта кога ќе се ослободиме од ограничувањата, а Сонцето ќе нè научи дека слободоумноста понекогаш е многу секси.

Во втората половина од февруари, ќе се насочиме повеќе кон работа и сериозност. Ова е време за големи професионални подвизи.

Сепак, треба да имаме на ум дека од 17 февруари Меркур ќе се движи ретроградно, што значи дека е зголемена веројатноста од губење на важни документи и податоци, недоразбирања и одложени патувања/планови.

Најсреќни ќе бидат ВОДОЛИИТЕ и РИБИТЕ.

Датум Случување
3 февруариМеркур влегува во риби
7 февруариВенера влегува во овен
9 февруари☽ Настапува полна месечина во лав
16 февруариМарс влегува во јарец
17 февруариМеркур започнува да се движи ретроградно во риби
19 февруариСонцето влегува во риби
23 февруари☽ Настапува млада месечина во риби

Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.