Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – МАЈ, 2020

Месечен хороскоп – МАЈ, 2020

Мај ќе биде месецот кој оваа година ќе нè потсети сите дека треба да го намалиме темпото на живот за да можеме внимателно да ја планираме иднината. Уште три планети – Сатурн, Јупитер и Венера – ќе започнат да се движат ретроградно, ставајќи пречки пред нас кои имаат за цел за нè забават. Да, ќе има одложени настани, средби и активности, ќе има и фрустрации, но сето тоа ќе нè научи да бидеме потрпеливи.

Кон средината на месецот, Венера, планетата на љубовта и убавината ќе го започне овогодишното 6-неделно ретроградно патување во близнаци, нарушувајќи ја нашата комуникација со партнерот. Ова не е период за себично однесување, бидејќи токму тоа ќе ни ги носи најголемите проблеми. Клучот кон успехот е во емпатијата, разбирањето и желбата за компромиси.

Минатиот месец, трансформаторот Плутон премина во ретроградно движење во јарец, а на средината од мај таму ретроградно ќе започне да се движи и Јупитер, планетата на среќата и богатството. Ќе бидеме принудени да ја скротиме амбициозноста и да направиме анализа на нашата дотогашна работа. Дали негде грешиме?

Во мај, најсреќни ќе бидат БИКОВИТЕ, но и БЛИЗНАЦИТЕ ќе почувствуваат многу позитивни вибрации.

Датум Случување
7 мај☽ Настапува полна месечина во шкорпија
11 мајСатурн започнува да се движи ретроградно во водолија
11 мајМеркур влегува во близнаци
13 мајМарс влегува во риби
13 мајВенера започнува да се движи ретроградно во близнаци
14 мајЈупитер започнува да се движи ретроградно во јарец
20 мајСонцето влегува во близнаци
22 мај☽ Настапува млада месечина во близнаци
28 мајМеркур влегува во рак

Табела: најважните датуми за месец мај и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.