Почетна » Забава » Слободно време » Честитајте од срце: Пораки за Среќна Нова година

Честитајте од срце: Пораки за Среќна Нова година

За многу од нас, Нова година е симбол на нов почеток, на преродба, на нови надежи и соништа, на желба да се подобриме како личности. Секој од нас верува дека годината која доаѓа ќе биде подобра од претходната и ќе донесе повеќе здравје, среќа и нови успеси на секое поле од животот.

Пораките испратени на првиот ден од годината се идеална шанса да ги обновите старите пријателства и да ги стоплите новите.

Сигурно веќе сте во потрага по најубавите пораки за да им посакате сè најдобро на луѓето кои ги сакате. А еве неколку во продолжение:

Среќна нова година

„Во годината која иде, здравјето одлично да ти биде, да плачеш само од среќа, успеси да имаш цела вреќа. Да живееш живот од соништата и рамни да ти бидат патиштата.“

„Оваа Нова година ти посакувам: вирче СИЛА, река УСПЕСИ, езеро ПАРИ, море СРЕЌА, океан ЗДРАВЈЕ и цела вселена ЉУБОВ!“

„На вашата сметка штотуку пристигна уникатна уплата која изнесува 365 дена од најубавите соништа, среќа, здравје и љубов. Камата не се пресметува, па со задоволство можете веднаш да започнете со трошење на средствата. Среќна Нова година, од срце ти посакувам сè најдобро!“

„Кога стрелките на часовникот ќе се поклопат и ќе започне уште една нова година, знај дека во твојот живот постои некој кој искрено те сака и од дното на срцето ти посакува сè најубаво. Новата година нека ти биде година за паметење.“

„Ти посакувам оваа година да чекориш со крената глава, со румени образи и витка става и да ронеш солзи само од среќа. Сите желби да ти станат стварност, да имаш голема храброст. Среќна Нова година!“

„Сè што посакувам за себе, посакувам и за тебе само 2024 пати повеќе. Среќна Нова година!“

„Ти посакувам мир во јануари, љубов во февруари, среќа во март, насмевки во април, убавина во мај, безгрижност во јуни, авантури во јули, дружби во август, успех во септември, уживање во октомври, здравје во ноември и прекрасни моменти во декември. Среќна Нова година.“

„Среќна Нова година. Нека секој ден од 2024 година ти започнува со насмевка, а нека ти завршува со чаша црвено вино. Уживај во животот!“

„Велат дека не е среќен оној што е богат, туку оној што е среќен со она што го има. Посакувам оваа година да имаш сè што ти треба за среќа. Имај блескав и убав почеток на новата 2024 година, а уште поблескав и поубав крај на истата!“

„Животот е краток. Сонувај големи соништа оваа година и оствари ги сите до еден. Ова нека биде твоја година.“

„Оваа година нека ти го подари она што го немаш, нека направи да го цениш она што го имаш и да ти помогне да ги зачуваш и двете. Среќна Нова година!“

„Секоја година носи подеми и падови, а секој од нив нè обликува во она што сме денес и она што ќе бидеме во иднина. Не жали за минатото, имај надеж за иднината. Секогаш можеш да започнеш од почеток. Среќна Нова година!“

„Нека новата 2024 година ти биде подобра од претходната, а полоша од сите наредни. Среќна Нова година!“

„Ти посакувам многу здравје, среќа и исполнување на онолку желби колку што има секунди во новата година.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.