Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли ги покажа тонираните нозе и зборуваше за борбата со ракот на мајка ѝ на премиера во Торонто

Анџелина Џоли ги покажа тонираните нозе и зборуваше за борбата со ракот на мајка ѝ на премиера во Торонто

Анџелина Џоли привлече огромно внимание на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Торонто, каде што се одржа премиерата на нејзиниот нов филм „Couture“.

50-годишната холивудска ѕвезда покажа дека годините за неа се само обична бројка, истакнувајќи ги своите тонирани нозе. Џоли носеше кафеаво палто од Gabriela Hearst и црни салонки од Christian Louboutin на премиерното прикажувањето на филмот во Канада.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Чувството беше толку приватно, ова веројатно е единствениот филм кога не ми се чинеше како да снимам филм, туку како да живеам вистинска приказна“ – изјави Џоли за улогата која длабоко ја допре, бидејќи се базира на искуство блиску до нејзиното срце.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Во „Couture“, Џоли игра режисерка која се соочува со дијагноза на рак на дојка, приказна која наликува на животот на нејзината мајка, Маршелин Бертран, која ја изгуби битката со истата болест во 2007 година. Џоли откри дека за време на снимањето носела ѓердан кој ѝ припаѓал на мајка ѝ, за да ѝ даде сила и утеха.

„Беше тешко, но беше начин да комуницирам со неа и да се чувствувам поврзана со сите луѓе низ светот. Луѓето треба да запомнат дека не сме сами во тагата. Понекогаш се изолираме самите кога тагуваме, не комуницираме кога ќе изгубиме некого...“ – рече таа.

Анџелина Џоли

Емоциите кулминираа во интервју по проекцијата, кога актерката со солзи во очите зборуваше за болката од загубата и за важноста на емпатијата.

„Се сеќавам кога мајка ми кога имаше рак ми рече едно нешто по вечера на која луѓето ја прашуваа како се чувствува: ‘Сите постојано ме прашуваат само за ракот.’ Тоа никогаш не го заборавив. Затоа би рекла: ако познавате некој што поминува низ нешто вакво, прашајте го и за другите работи во животот. Тие се целосни личности кои се сè уште живи“ – рекла актерката.

Мајката на Џоли, Маршелин, дозна дека има рак на јајчниците во 1999 година, а подоцна ѝ беше дијагностициран рак на дојка.

Во 2013 година, Анџелина превентивно си направи двојка мастектомија откако генетското тестирање покажало дека го носи генот BRCA1 и докторите ѝ рекоа дека има 87% ризик да ја добие истата болест.

И тетката и бабата на Џоли починаа од рак на дојка.

Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28873 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.