Семејството на Кристијан Станковски се прошири.
Бомбакис сподели дека доби уште една ќерка која ја крстија Јована. Како за првото дете, така и за второто, Кристијан ја објави веста со свој стил со натпис на картон, но овој пат покрај него беше и едногодишната Бисера.
„Богатство не се пари, богатство е ова. Жена ми е херојот што ми го подари најубавото нешто во животот. Бисера ме научи што значи да си татко, а Јована го направи светот уште посветол. Благодарен сум на Господ за моето семејство, мојата сила, мојата љубов, мојот свет“ – напиша тој.

Бомбакис се ожени со саканата Вики во јуни 2023 година. Нивната ќерка Бисера се роди шест месеци подоцна, во декември.




