Почетна » Забава » Видео » Ќе ве наежи: 10-годишно девојче со аутизам одушеви со прекрасна изведба на „Hallelujah“

Ќе ве наежи: 10-годишно девојче со аутизам одушеви со прекрасна изведба на „Hallelujah“

Кајли Роџерс поседува голем талент. 10-годишното девојче, кое има аутизам, ја одушеви публиката со својот неверојатен глас на божиќен концерт во Северна Ирска.

Во видеото, Кајли ја изведува „Hallelujah“ од Леонард Коен заедно со хор од своето училиште за деца со потешкотии во учењето и говорот и деца кои имаат аутизам.

„Таа можеби е само дете, но има неверојатен глас, а кога ја слушнав како ја пее Hallelujah, искрено можам да кажам дека ми се наежија влакната на вратот и имав солзи во очите. Сметам дека има многу специјална дарба која треба да биде слушната. Нејзиниот глас е врвна радост“ – изјавил нејзиниот учител.

Видеозаписот на Facebook досега има над 1 милион прегледувања и 13.000 допаѓања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.