Почетна » Забава » Видео » Предлог за брак кој ќе ве насмее: Мало детенце го „уништи“ романтичниот момент

Предлог за брак кој ќе ве насмее: Мало детенце го „уништи“ романтичниот момент

Мало момче на сладок начин го „уништи“ предлогот за брак на неговите родители, а видеото од запросувањето стана хит на интернет.

Во него, Кевин ја бара за жена својата девојка Алиса додека нивна пријателка го снима романтичниот момент. Кога заљубениот маж клекнува на колено, на малото синче на парот му текнува дека му се мочка и слатко вели: „Ќе мочкам надвор“. Мислејќи на предлогот за брак, неговата мајка прашува „Сериозен си?“, а малиот Овен возвраќа со „Да“ и ги соблекува фармерките.

Додека Кевин и Алиса се гледаат заљубено и уживаат во моментот, Овен покрај нив прави вирче.

Погледнете го видеото кое несомнено ќе ве насмее:

Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.