Почетна » Забава » Видео » Неочекувана реакција: Брат и сестра дознаваат дека нивната мајка е бремена со близнаци

Неочекувана реакција: Брат и сестра дознаваат дека нивната мајка е бремена со близнаци

Кога семејството се проширува, сите негови членови се возбудени... Или можеби не?

Девојче започнува да плаче од тага кога родителите ќе откријат дека очекуваат не едно, туку две бебиња. Неочекуваната реакција беше снимена и сега му е драгоцен спомен на семејството.

Пред неколку дена Стејси Бејтс ја објави снимката на која со сопругот им соопштуваат на двете поголеми деца Хејли и Дилан дека ќе бидат „поголем брат“ и „поголема сестра“. Но, наместо да се радува, Хејли започнува да плаче и вели: „Не сакам уште едно дете. Сакам јас да сум најмала“. Реакцијата е уште побурна откако ќе дознае дека мајка им носи близнаци.

Близнаците сега се пораснати и се обожавани од Хејли и Дилан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.