Почетна » Забава » Видео » Забавно видео: Уморна мајка на мали деца дели совети како да се подготвите за мајчинството

Забавно видео: Уморна мајка на мали деца дели совети како да се подготвите за мајчинството

Блогерката Естер Андерсон знае како да ја прикаже реалноста на сите родители на мали детенца.

Во своето најново видео, таа споделува брутално искрени совети за секоја трудница како да се подготви за моментот кога во семејството ќе им пристигне новиот член.

Совети за сите вие нови мајки кои се подготвувате за родителството.

Прво, ќе сакате да ги замените сите ваши теписи со нови во кафеавкаста нијанса, која е точна комбинација од кал, каки и кафе.

Ако сте екстроверт, станете интроверт.

Пронајдете го секој електронски уред во вашиот дом, звукот подесете го на максимум и оставете ги сите вклучени истовремено... цело утро, цело попладне и цела ноќ.

Пронајдете незабележливо место во домот кое ќе ви биде работно место, а под работно место мислам на место каде што всушност нема да работите, но ќе можете да се скриете.

Наместете го вашиот аларм да се вклучува на секои два часа и потоа сетирајте го да се повторува ВЕЧНО.

Седете само по 2 и пол минути во денот, не подолго.

Ако не пиете кафе, започнете, и препорачливо е да засакате да пиете ладно кафе. Исто така, навикнете се на чувството на истурено кафе во скутот.

Започнете драстично да го намалувате обемот на вашите оброци.

Никогаш не бидете навреме за ништо, доцнете минимум 20 минути.

Како основно правило, ќе сакате да ги редуцирате туширањата на еднаш на секои пет дена.

Ограничете го времето за туширање на околу една и пол минута МАКСИМУМ. Ставете сапун на само половина од вашето тело пред да излезете од под туш.

Вежбајте закопчување и откопчување на појасот во автомобилот околу 14 пати пред да започнете да возите и повторете го истото кога ќе пристигнете на вашата дестинација.

Исфрлете ја модерната облека која ја имате и останете во еден аутфит три дена.

Подобрете ги вашите нинџа вештини.

Израснете си калуси на долниот дел од стапалата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.