Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Самохран татко не дозволува пелтечењето да го спречи да ѝ чита на ќерка си пред спиење

ВИДЕО: Самохран татко не дозволува пелтечењето да го спречи да ѝ чита на ќерка си пред спиење

Грижлив самохран татко навечер ја заспива ќерката со приказна и покрај тоа што пелтечи додека зборува. Ленс Ламберт не дозволува неговиот „проблем“ да го спречи да ѝ прочита приказна за добра ноќ на 6-годишната ќерка Евери.

Во 11-минутното видео, Ленс ѝ ја чита на Евери омилената книга, „Аладин“, а таа одвреме-навреме му помага со зборовите. Во еден момент малото девојче го бакнува татко си на главата и повторно легнува во својот кревет. Иако Евери заспива по 7 минути, Ленс не престанува да чита.

Таткото го споделил видеото за да поттикне и други родители кои пелтечат да им читаат на своите деца, објаснувајќи дека на неговата ќерка воопшто не ѝ пречи неговиот проблем.

„На ќерка ми воопшто не ѝ е гајле. Јас сум тој кој се грижи. Еднаш ѝ реков: Жалам што имаш татко што пелтечи, а таа ми одговори: Не ми пречи тато. Во ред е. Започнав да плачам, а јас никогаш не плачам. Тоа беше многу интимен момент за нас. Беше навистина кул“ – вели Ленс.

Видео

Ленс и Евери Ленс и Евери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11909 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.