Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Девојка со слепило на бои блика од среќа кога ќе го види светот во боја со помош на очила

ВИДЕО: Девојка со слепило на бои блика од среќа кога ќе го види светот во боја со помош на очила

Понекогаш не сфаќаме колку се скапоцени нештата кои ги поседуваме, сè додека не ги изгубиме.

Кејла Џексон сфатила колку е важен здравиот вид откако ја изгубила можноста да гледа бои. Таа имала само 10 години кога поради примањето на лекарства за депресија и анксиозност, добила слепило на бои.

Пред неколку дена, пријателите ја изненадиле Џексон со пар очила „EnChroma“, кои им овозможнуваат на лицата како Кејла да гледаат бои. Нејзината реакција е микс од среќа, возбуда и изненаденост.

Погледнете го видеото:

„Добив слепило на бои. Денес, мојот бенд ме викна пред училницата и ме изненади. Некако не сфаќаш што ти недостига додека некој не ти го покаже тоа. Овој ден ќе се запише како еден од најдобрите во мојот живот“ – рекла таа по среќниот настан.

„Тоа што го направија моите пријатели е лудо. Неверојатно е. Кога ги ставив на себе, се почувствував прекрасно. Само сакав да плачам. Го видов правилно светот првпат по цела вечност. Беше како да гледам филм кој не сум го гледала од мала. Не само што ми враќа спомени, туку е и многу кул. Не можам да опишам колку сум им благодарна. Ги имам најдобрите пријатели што некој може да ги посака. Ова ми значи многу повеќе одошто тие си мислат“ – додала Џексон.

Кејла Џексон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.