Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Глува девојка со прекрасен глас го одушеви Сајмон Кауел на „America's Got Talent“

ВИДЕО: Глува девојка со прекрасен глас го одушеви Сајмон Кауел на „America's Got Talent“

Менди Харви е инспиративна и талентирана девојка која одушевува и која ни покажува дека никогаш не треба да се откажуваме. 29-годишната Американка пред 10 години целосно го изгубила слухот, но продолжи да ја следи својата љубов и страст кон музиката.

Имено, Харви пеела од 4-годишна возраст, но кога на 18 години го изгубила слухот, таа морала повторно да научи да свири и пее, користејќи ја мускулната меморија и чувствувајќи ги вибрациите преку своите стапала.

Менди беше дел од аудициите на „America’s Got Talent“, каде ја изведе авторската песна „Try“ и ги освои срцата на жирито и публиката, но најмногу на строгиот Сајмон. Тој го притисна златното копче и ја испрати Менди директно во настапите во живо.

Погледнете ја нејзината изведба:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.