Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Баба насмеа милиони лица, паѓајќи во бебешко креветче во обид да го легне заспаното внуче

ВИДЕО: Баба насмеа милиони лица, паѓајќи во бебешко креветче во обид да го легне заспаното внуче

Баба, која падна во бебешко креветче сакајќи да го легне заспаното внуче, насмеа милиони лица низ светот.

За само два дена, видеото стана вирален хит на социјалните мрежи со повеќе од 46 милиони прегледувања, над 350 илјади допаѓања и 400 илјади споделувања на Facebook.

Во него, ниската Валери Шарп се поткачува на столче за да го стави бебето во неговото креветче, но губи рамнотежа и се струполува во него. Видеозаписот беше споделен од ќерката на Валери, Ники.

„Мајка ми ќе ме убие, но морав да го објавам ова. За оние кои не ја познаваат мојата мајка, таа е висока 152 сантиметри и висината отсекогаш ѝ била предизвик. Ја обожавам оваа луда жена“ – напиша таа во описот.

Во стотиците илјади коментари многумина споделија дека се смеат до солзи, додека други побрзаа да заклучат дека најдобро е што Валери не го смачкала бебето.

„Навистина не знам како се случи тоа, бидејќи го имам правено стотици пати“ – рекла Валери во интервју.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.