Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: 5-годишно девојче само се потстрижува во обид да направи туторијал за разубавување

ВИДЕО: 5-годишно девојче само се потстрижува во обид да направи туторијал за разубавување

„Туторијалот за разубавување“ на 5-годишната Обри ќе ви стави широка насмевка на лицето и можеби ќе ве потсети на вашите детски денови. Малото девојче сакало да се сними себеси како се шминка и си прави фризура инспирирано од своите омилени блогерки кои постојано ги гледало онлајн.

Видеото, во кое Обри со нашминкана уста си ги потстрижува шишките, е прегледувано повеќе од 18 милиони пати на профилот на Деби, бабата на девојчето.

Погледнете го резултатот од туторијалот на Обри и добро размислете дали ќе ѝ дозволите на вашата мала ќерка да остане со ножица во рацете без надзор:

Is this how you started, EmmaLee Wolf ?

Posted by Debbie Arnold on петок, 15 јануари 2016

Пред да започне да се снима, Обри ја замолила баба си да ѝ го постави таблетот. „Побара од мене да ѝ го наместам таблетот, бидејќи сакаше да си направи видео. Гледа многу туторијали за шминка онлајн“ – рекла Деби за ABC и додала дека потоа ѝ дала на Обри кошничка со свои шминки, но не ни помислувала дека меѓу нив има ножичка.

„Ја наместивме во кујната, а ние со мајка ѝ седнавме да поразговараме во соседната соба, претпоставувајќи дека таа добро се забавува, и така и беше“ – додала шеговито Деби.

Иако мајка ѝ и баба ѝ на Обри биле шокирани кога ја виделе со новата фризура, тие го прифатиле тоа како лекција научена на смешен начин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11285 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.