Почетна » Убавина и мода » Тело » 9 мали совети за усовршување на вашите тактики за разубавување

9 мали совети за усовршување на вашите тактики за разубавување

Разубавувањето е секојдневен женски предизвик. Желбата за што посовршен изглед ги принудува жените постојано да бидат во потрага по нови трикови кои ќе им заштедат време, пари и енергија, а ќе им дадат максимални резултати.

Збогатете ги и усовршете ги вашите досегашни тактики за разубавување со помош на следниве совети:

Модерни бранови на најбрз начин„Избришете“ ги брчките со маслиново маслоНајлесно отстранување на лак за ноктиНајдобар редослед при лакирањеПомогнете си при отечени стапалаЧешлање на мокра косаИдеално време за лосионБебешка пудра за погусти трепкиОмекнете ја кожата пред кубење на веѓите

Модерни бранови на најбрз начин

Внесете модерна динамика во вашата фризура. Сплетете ја косата во плетенка и поминете по неа со преса за коса. Расплетете ја плетенката и расчешлајте ја косата.

Инстантно ќе добиете брановидни прамени, идеални за секојдневен секси стајлинг.

„Избришете“ ги брчките со маслиново масло

Навечер масирајте го лицето 30 секунди со 10ml маслиново масло. Во него можете да додадете и малку масло од лавандула ако имате зацрвенета кожа. Измијте со топла вода.

Овој домашен третман е препорачлив особено за лицата со сува до нормална кожа, затоа што нивната кожа е посклона кон брчки.

Најлесно отстранување на лак за нокти

Потопете памук со отстранувач на лак, поставете го врз ноктот и држете го така неколку секунди за да го разгради лакот. Потоа, повлечете го памукот по ноктот и ќе го избришете лакот без проблеми.

Најдобар редослед при лакирање

Кога ги лакирате ноктите, започнете од малиот прст. Ако започнете од палецот, при лакирањето на секој нареден прст вие со дланката се движите над свежо лакирани нокти и ризикувате да ги размачкате.

Помогнете си при отечени стапала

Во еден леген наполнете топла вода, а во друг ладна. Прво почувајте ги стапалата три минути во топлата вода, па ставете ги една минута во ладната вода. Повторно вратете ги во топлата, а потоа во ладната. Повторете ја постапката уште еднаш.

Чешлање на мокра коса

Професионалните фризери знаат најдобро, па затоа копирајте ги. Зграпчете со раката поголем дел од косата и расчешлајте го прво од средината на влакната кон врвовите. Потоа, расчешлајте од скалпот до средината на влакната.

Идеално време за лосион

Најдоброто време за нанесување на лосион е веднаш по туширањето, кога на кожата сè уште може да се почувствува влажноста.

Бебешка пудра за погусти трепки

Пред да ставите маскара, внимателно нанесете врз трепките малку бебешка пудра. Таа ќе послужи како основа и маскарата подобро ќе се нафати на трепките, а освен тоа и ќе го зголеми нивниот волумен.

Омекнете ја кожата пред кубење на веѓите

Навлажнете малку памук со топла вода и поставете го врз кожата под веѓите. Топлината ќе помогне порите да се отворат, па кубењето ќе биде многупати побезболно и полесно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.