Почетна » Убавина и мода » Шминка » 10 мејкап совети и трикови кои вреди да ги знаете

10 мејкап совети и трикови кои вреди да ги знаете

Жените инвестираат многу време во секојдневните ритуали за разубавување. За да заштедите од времето предвидено за шминкање, ви предлагаме неколку практични совети и трикови од мејкап експертите кои својата професија ја проучиле до најмал детаљ и кои не се воздржуваат да споделат по некоја професионална тајна.

Жена што се разубавува со шминка

Ако не сакате кармин на забите, премачкајте ги со вазелин.
Премачкајте ги предните заби на горната вилица со вазелин за да спречите дел од карминот да заврши врз нив. Ова е стар холивудски трик од 40-тите години, а кој се користи до ден денес.

Кога сте уморни и имате црвени очи, користете капки за очи.
Капките ќе го елиминираат црвенилото на очите. Нема ништо поубаво и попримамливо од „чисти“ очи.

Сините сенки не се за сини очи.
Ако сте доволно среќни да имате сини очи, не користете сини сенки, затоа што тие ќе ја уништат природната боја на очите.

За подолги и погусти трепки, нанесете пудра во прав пред шминкањето на очите.
Со голема четка за пудра нанесете пудра во прав врз очните капаци уште пред да започнете со шминкање. Не само што ќе создадете идеална подлога за сенките да бидат фиксирани што подолго време, туку и ќе ги направите трепките пораскошни. Пудрата по прав која ќе се нафати на трепките, заедно со маскарата ќе формира паста која ќе им го зголеми волуменот и визуелно ќе ги издолжи трепките.

Под веѓите ставете беж сенка за очи за очите да ви изгледаат поголеми и поотворени.
Секогаш кога очите ви изгледаат уморни, инстантно можете да ги разбудите со нанесување на беж или бела сенка за очи на областа под веѓите. Со овој трик ќе постигнете очите да ви изгледаат поголеми и поотворени, затоа што ќе создадете илузија на мал лифтинг на веѓите.

Црните сенки не треба да се користат надвор од очниот капак.
Црните сенки за очи препорачливо е да се нанесуваат на горниот очен капак и за оцртување под очите, а никогаш не треба да се користат над горниот очен капак, односно под веѓите, затоа што ќе создадат хаотичен изглед.

Тестирајте кармин во нова нијанса на врвот на прстите.
Сакате да дознаете како ќе ви стои одредена нова нијанса кармин? Нанесете на врвот на еден прст. Таа област од раката е најблиска до бојата и текстурата на вашите усни, па лесно ќе можете да процените дали нијансата е за вас или не.

Нанесувајте малку руменило и на слепоочниците.
Мејкап артистите се согласуваат – руменилото е „must-have“ за комплетен изглед. Освен што со него треба да ги акцентирате јаболкниците на лицето, за поприроден изглед треба да нанесете малку руменило и на слепоочниците. Не знаете каде да нанесете руменило на образите? Наведнете ја главата надолу 30 секунди, полека исправете се и веднаш забележете кои места од вашите образи поруменеле. Друго правило е да се насмевнете. Веднаш ќе се истакнат областите од лицето кои треба да ги потенцирате со руменило.

За совршено оцртување со ајлајнер, прво означете ја посакуваната линија со испрекинати линии.
Со молив за очи обележете ја линијата која ќе ја исцртувате со неколку кратки испрекинати линии. Започнете од надворешниот агол и обележувајте што поблиску до трепките. Потоа, поврзете ги кратките линии со течен ајлајнер. На овој начин ќе ги минимизирате шансите за грешка.

Ако немате ајлајнер, нанесете црна или темносива сенка со влажна четка.
Немате ајлајнер? Навлажнете ги со малку вода врвовите на влакната на тенка четка за шминка и „макнете“ во сенката. Веднаш ќе забележите дека бојата на сенката е поинтензивна – идеална за оцртување на очите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.