Масажа на лицето
Почетна » Убавина и мода » Лице » Масажа на лицето

Масажа на лицето

Масажата е одличен начин да ја подобрите циркулацијата на лицето. Сигурно и вие мечтаете што почесто да го чувствувате на своја кожа волшебното дејство на масажата. Но, дури и кога нема некој до вас да ви го достави тоа удоволство, не се откажувајте. Вашите прсти ќе ви помогнат, а вие сè што треба да направите е да ги следите нашите совети:

Масажа на лице
Масажата на лицето ја подобрува циркулацијата и може да ви помогне во борбата против акните.
  1. Осигурајте се дека вашите раце се чисти и легнете или седнете таму каде што се чувствувате најудобно.
  2. Доближете ги рацете до вашето лице. Така ќе ја почувствувате нивната топлина. Дишете длабоко и бавно. Тоа ќе ви помогне целосно да се опуштите.
  3. Масирајте го лицето внимателно. Започнете од слепочниците. Потоа продолжете кон веѓите, образите, носот и завршете со масажа на вилицата. Постојано правете кружни движења од внатре нанадвор.
  4. Ако сакате да ги намалите брчките околу очите, ви препорачуваме да ги масирате очите и очните капаци со кружни движења. За таа цел користете ги само четирите прсти (исклучете го палецот). Овој дел од лицето е најнежен, затоа бидете многу внимателни.
  5. За да ги намалите темните сенки околу очите, поставете ги показалецот и средниот прст од двете раце на горниот дел од носот. Потоа внимателно започнете да ги движите прстите кон надворешноста на лицето, преминувајќи преку затворените очни капаци. Повторете го тоа движење околу десет пати.
  6. Ако со кружни движења ги масирате вашите образи, ќе го подобрите крвотокот на лицето и вашата кожа ќе биде поздрава. Така ќе добиете природно румени образи.
  7. Растријте го челото хоризонтално и вертикално. Започнете од центарот и движете се кон надворешноста. За крај, со дланките поминете преку вашето лице, исто како што тоа го правите додека го миете со вода.

Напорот кој ќе го вложите е минимален, а задоволството - максимално. Одделете малку време за себе, затоа што времето минува, а со тоа вашето лице бара сè повеќе внимание за да изгледа свежо и младо.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9566 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.