Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Некогаш една од најпосакуваните жени, денес синоним за неуспешни естетски зафати: Кејти Прајс ги шокираше фановите

Некогаш една од најпосакуваните жени, денес синоним за неуспешни естетски зафати: Кејти Прајс ги шокираше фановите

Кејти Прајс не престанува да ги шокира фановите.

46-годишниот модел во минатото беше и една од најпосакуваните и најатрактивните жени, а денес за многумина е синоним за неуспешни естетски зафати.

Кејти Прајс Кејти Прајс

Прајс стигна до слава во 90-тите години на минатиот век, кога одлучи да зачекори во светот на модата, а во 1996 година позираше топлес за Page 3. Уште на 18-годишна возраст за првпат си ги зголеми градите и оттогаш помина низ бројни естетски зафати меѓу кои ринопластика, лифтинг на лице, филери на усните, ботокс, зголемување и подигнување на задникот.

Кејти Прајс Кејти Прајс

Низ годините, Кејти си има направено најмалку 16 хируршки интервенции на градите, три ринопластики и два лифтинзи на лицето.

Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс

Пред неколку дена, Daily Mail објави фотографии на кои се гледаат резултатите од нејзиниот најнов зафат за бразилски лифтинг на задник.

„Пробав BBL во странство каде ти вадат од твоите масти и ти ги ставаат во задникот. Беше многу болно. И не изгледа добро на мене“ – рекла таа.

Кејти Прајс Кејти Прајс

По објавувањето на фотографиите и нејзините најнови Instagram видеа, интернет корисниците не кријат дека се шокирани од нејзината трансформација.

„Кејти што си направи себеси? Беше преубава“, „Ова е многу тажно. Срцето ми се крши што ја гледам толку слаба, толку нездрава. Мислам дека ја носи тежината на светот околу својот врат“, „Душо, изгледаш многу нездраво. Посакувам да побараш помош“, „Зошто некој не ѝ помогне? Ова е тажно“ – се само дел од коментарите.

Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс

Во мај 2002 година, Прајс го роди првото дете Харви, на кој подоцна му беше дијагностициран аутизам. Нејзиниот втор син се роди во 2005 година, првата ќерка во 2007 година, третиот син во 2013 година, а втората ќерка во 2014 година.

Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс Кејти Прајс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.