Харпер Бекам денес го прославува својот 14. роденден.
Ќерката на Викторија и Дејвид порасна, а нејзиното семејство не пропушти да го одбележи нејзиниот специјален ден. Мајка ѝ и братот Ромео со слатки пораки ѝ честитаа на Харпер, но целото семејство останува во неизвесност дали најголемиот брат Бруклин ќе го одбележи роденденот на сестра си.

Извори блиски до семејството изјавија дека Бруклин и неговата сопруга Никола се дистанцирале и од Харпер, а не ја посетиле кога отпатувале во Лондон за снимање реклама во мај.
Харпер од мало девојче го идолизира Бруклин, но тензиите во семејството Бекам несомнено се имаат одразено и на нивната врска.

Викторија сподели повеќе фотографии и видеа со Харпер и напиша:
„Среќен роденден на мојот свет. Ти си моето сè и горда сум што стана силна, самоуверена, љубезна и талентирана млада дама. Ти си мојата најдобра пријателка и среќна сум што ти сум мајка. Те сакаме многу Харпер. Уживај во твојот специјален ден“.













Ромео на заедничка фотографија со сестра си напиша:
„Среќен роденден на најневеројатната личност која постои. Те сакам секогаш и засекогаш“.


Шпекулациите за кавга во семејството започнаа да се шират откако Бруклин ги пропушти сите важни семејни собири во изминатиот период. Бројни се коментарите дека тој и неговата сопруга Никола Пелц се во лоши односи со останатиот дел од семејството Бекам.
