Дебора-Ли Фернес одлучи за првпат да зборува за „предавството“ на поранешниот сопруг Хју Џекман, потврдувајќи ги гласините дека тој ја изневерувал со сегашната девојка Сатон Фостер.
69-годишната актерка дури сега официјално поднесе документи за развод од


„Моето срце и моето сочувство се со сите коишто го поминале трауматичното патување на предавството. Тоа е голема рана која длабоко сече, но верувам во повисока сила и дека Бог/Универзумот, или што и да ве води, секогаш работи ЗА нас.“
„Ова верување ми помогна да се снајдам по распадот на речиси тридеценискиот брак. Преку ова искуство стекнав многу знаење и мудрост.“
„Може да боли, но на долг рок, враќањето кон себе и живеењето во рамките на сопствените вредности, интегритет и граници е ослободување и слобода.“
„Едно нешто што научив е дека ништо од ова не е лично. Сите сме на свои индивидуални патувања и верувам дека врските во нашите животи не се случајни. Нè привлекуваат луѓе и ги пуштаме внатре за да ги научиме нашите лекции и да ги излекуваме скршените делови во нас... Останувам благодарна“ – изјавила таа за Daily Mail.

Хју ја запозна Дебора за време на снимањето на ТВ шоу во Австралија. Тие стапија во брак на 11 април 1996 година. По два спонтани абортуси, парот посвои две деца – Оскар и Ава.


Славниот актер повеќе не ја крие врската со Сатон, која му беше колешка во мјузиклот „The Music Man“ и заедно настапуваа една година, што доведе до нивно зближување. И двајцата беа во брак на почетокот на нивните претстави во 2022 година.

Фановите шпекулираат дека имало афера меѓу нив која довела до распад на нивните бракови. Тие постојано споделуваат фотографии од нивната блискост за време на настапите и свеченостите.


