Почетна » Новости » Музика » Спотот на Данијела Мартиновиќ за песната „Vjerujem Ljudima“ со фотографии од обожаватели

Спотот на Данијела Мартиновиќ за песната „Vjerujem Ljudima“ со фотографии од обожаватели

Данијела Мартиновиќ го објави спотот за „Vjerujem Ljudima“.

Хрватската пејачка ја сними песната пред неколку месеци, но за спотот побара од фановите да ѝ испратат фотографии кои ги имаат со неа. Најголемиот дел од нив се прикажани во моќниот спот, за кој таа доби бројни комплименти.

„Добив стотици наши заеднички фотографии дури и од 90-тите години кои многу ме разнежија. Мислам дека успеав да ставам најголем дел од нив во спотот и се надевам дека сите ќе успеете да се пронајдете во спотот. Уште еднаш на сите ви се заблагодарувам, зашто и вие сте дел од оваа приказна ‘Vjerujem Ljudima’“ – рече таа.

Во спотот се појавуваат личности кои, како што објасни Данијела, со својот живот потврдуваат дека е неопходно да имаме верба во луѓето.

„Уште на првото слушање на песната, ми зазвучи како ода на луѓето, ода на доброто кое живее во срцето на секој човек. Гости во мојот спот се вистински луѓе, луѓе кои живеат меѓу нас, луѓе кои со својот живот потврдуваат дека е неопходно да верувате во луѓето“ – објасни Данијела и ги сподели на Instagram приказните на сите личности кои се појавуваат во спотот.

Дел од текстот на песната, таа го изведува на знаковен јазик.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11035 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.