Почетна » Новости » Актуелно » Трговија со луѓе, сексуална експлоатација, рекетирање... На Пи Диди му се заканува доживотна затворска казна

Трговија со луѓе, сексуална експлоатација, рекетирање... На Пи Диди му се заканува доживотна затворска казна

Започна судењето на раперот Шон „Диди“ Комбс во судот во Њујорк. Тој е обвинет за тешки кривични дела, вклучувајќи рекетирање, трговија со луѓе и сексуална експлоатација.

Обвинителите тврдат дека Комбс ја користел својата моќ и богатството за да манипулира со жртвите, организирајќи забави наречени „Freak Offs“, а дека неговиот тим му помагал во прикривање на злосторствата. 55-годишниот музичар и продуцент принудувал жени да учествуваат во сексуални активности за време на неговите забави кои траеле со денови додека тој ги снимал.

Пи Диди

Обвинителката Емили Џонсон рекла дека ќе сведочат жртви „кои ќе ви ги раскажат некои од најболните искуства во нивните животи. Деновите кои ги поминале во хотелските соби, издрогирани, облечени во костими за да ги исполнуваат сексуалните фантазии на обвинетиот“.

Пи Диди беше уапсен во септември 2024 година, месеци откако неговата поранешна девојка Каси Вентура го обвини за физичко малтретирање, дрогирање и принудување на секс со други мажи, а CNN објави снимка на која ја тепа. Еден од клучните сведоци ќе биде токму Каси, која е во последните недели од третата бременост.

Пи Диди Касандра Вентура Пи Диди Касандра Вентура

Обвинителите опишале ужасно тврдење од Каси, која изјавила дека Комбс принудил ескорт да ѝ уринира во устата, а по прекинот на нивната врска, ја истепал затоа што започнала врска со друг маж. Еден од ескорт мажите кои биле дел од забавите изјавил дека Диди ја принудувал Каси да има секс со него додека тој гледал.

Пи Диди

Раперот, кој се појави во судницата со бела коса, ги негира обвиненијата, тврдејќи дека сите сексуални активности биле консензуални. Судењето ќе трае осум недели, а ако биде осуден, Комбс може да се соочи и со доживотна затворска казна.

Диди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25555 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.