Почетна » Новости » Животни стории » Поранешната девојка на Пи Диди го обвини дека ја силувал и принудувал на секс пред камера со други мажи

Поранешната девојка на Пи Диди го обвини дека ја силувал и принудувал на секс пред камера со други мажи

Касандра Вентура го обвини раперот Пи Диди за силување, физичко малтретирање, дрогирање и принудување на секс со други мажи.

37-годишната пејачка, позната како Каси, тврди дека во текот на 11-годишната врска со славниот музичар, таа била жртва на ужасни нешта кои ѝ ги правел тогашниот партнер. Тие беа заедно од 2007 до 2018 година.

Касандра Вентура

Диди бил склон на неконтролирани изливи на бес и многу често дивјачки ја тепал Каси. Персоналот кој работел за него ги гледал насилствата, но не се осмелувал да зборува против него.

Во судските документи до кои дојде Page Six, стои дека Каси го обвинува Диди (Шон Комбс) дека:

  • Ја силувал во нејзиниот дом откако се обидела да го напушти;
  • Често ја удирал, тепал, клоцал и газел на стомакот, што резултирало со модринки, пукнати усни, помодрени очи и крварење;
  • Го разнесе автомобилот на човек кој имал романтични интереси кон неа;
  • Ја принудил госпоѓица Вентура на секс со машки сексуални работници додека мастурбирал и снимал;
  • Барал од неа да му го носи огненото оружје во чантата само за да направи да се чувствува неудобно и да демонстрира колку е опасен;
  • Ја вовел госпоѓица Вентура во животен стил со прекумерен алкохол и дрога и барал од неа да набави недозволени рецепти за да ги задоволи неговите зависности.
Касандра Вентура

Complaint.ventura v Combs by New York Post

Касандра Вентура

За Page Six, таа изјавила:

„По години во молчење и темнина, конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам во моја корист и во корист на другите жени кои се соочуваат со насилство и злоставување во врската“.

Пи Диди ги отфрли сите овие обвиненија, а неговиот адвокат изјави:

„Во изминатите 6 месеци, господин Комбс беше подложен на постојани барања на 30 милиони долари од страна на госпоѓица Вентура, со закана дека ќе напише книга за нивната врска...“.

Касандра Вентура

Адвокатот на Каси пак објасни дека Диди бил оној кој ѝ понудил сума од 8 цифри за да молчи, но дека таа го одбила.

Касандра Вентура

Каси започна врска со фитнес тренерот Алекс Фајн на крајот од 2018 година, а следната година се верија и објавија дека очекуваат бебе. Тие имаат две ќерки.

Касандра Вентура Касандра Вентура Касандра Вентура Касандра Вентура

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11416 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.