Почетна » Новости » Промо » dm дрогерие маркт ја поддржа голема еколошка акција „Охрид ЕКО 2025“: Околу 100 учесници извадија 100 метри кубни цврст отпад од Охридското Езеро

dm дрогерие маркт ја поддржа голема еколошка акција „Охрид ЕКО 2025“: Околу 100 учесници извадија 100 метри кубни цврст отпад од Охридското Езеро

Во рамките на конкурсот на dm „Заедно за зелени идеи“, проектот за чистење на Охридското Езеро „Охрид ЕКО 2025“ стана реалност, и тоа во услови кои беа предизвик за сите учесници. По поројните врнежи и силниот ветер, оваа сабота на 10 мај, учесниците се соочија со променливо време, но тоа не ги спречи да се организираат и да ја реализираат акцијата на сите 5 локации.

Во акцијата зедоа дел околу 100 учесници, од кои 20 волонтери и 80 сертифицирани нуркачи, најголем дел од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, во чија организација и беше оваа акција, како и сертифицирани нуркачи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска.

еко акција

Акцијата се фокусираше на вкупно пет локации на Охридско Езеро, почнувајќи од вливот на реката Черава кај Љубаништа па сѐ до Калишта во Струга, вклучувајќи ги и Заливот на коските, кампот Градиште и градското пристаниште.

По петчасовна напорна работа, учесниците успеаја да извадат околу 100 метри кубни цврст отпад од дното на Охридското Езеро. Оваа акција не само што придонесе за подобрување на состојбата на езерото, туку и за зајакнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина.

еко акција

„На почетокот на оваа година, отворивме конкурс за зелени проекти и преку овој конкурс успеавме да поддржиме неколку еколошки проекти во нивната реализација со повеќе од 1 милион денари. Еден од овие е токму и денешната акција, ‘ОХРИД ЕКО 2025’ за чистење на водите на Охридското Езеро, едно од најзначајните обележја на нашата земја! Патот кон почисто и позелено утре е долг, но со гордост можеме да кажеме дека храбро чекориме по него... И нема да застанеме. Со секое ново засадено дрвце, со секое отстрането парче отпад секојдневно се движиме сигурно кон целта, а тоа е почисто и позелено утре за сите нас“ – изјавија претставници од компанијата по повод оваа акција.

еко акција

Со овој проект, учесниците покажаа дека заедно можат да направат разлика. Акцијата е инспирација за сите да се вклучат во зачувувањето на природата и да се борат против загадувањето. Охридското Езеро, како природно богатство, заслужува посветеност и грижа.

Конкурсот „Заедно за зелени идеи“ не беше само иницијатива; тоа беше повик за акција, за единство и за заштита на нашата планета!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.