Twitter хит: Татко споделува смешни разговори со четирите мали ќерки
Почетна » Новости » Занимливости » Twitter хит: Татко споделува смешни разговори со четирите мали ќерки

Twitter хит: Татко споделува смешни разговори со четирите мали ќерки

Откачен татко ќе ве насмее со своите статуси на Twitter.

Џејмс Брејквел од Индијана секојдневно споделува разговори кои ги води со четирите мали ќерки и ги расположува стотиците илјади следбеници на популарната социјална мрежа. Нивните теми за разговор варираат од економија и кариера до задгробен живот.

30-годишниот автор и комичар, кого го следат речиси 400 илјади лица од целиот свет вели дека пишува за сè што го прикажува неговото семејство во добро светло, а него во лошо. „Пишувам за сè што прави моето семејство да изгледа добро, а јас да изгледам лошо. Сè додека сум на губитничката страна, сите се среќни“ – вели шеговито тој.

Џејмс често добива коментари дека е одличен татко.

За шминкањето:

5-годишната ќерка: Зошто мама се шминка?

Јас: За да биде убава.

Ќерката: Но, таа е убава и без шминка.

Јас: Awww.

Ќерката: Тато, ти треба да се шминкаш.

За момчињата:

3-годишната ќерка: Едно момче в градинка рече дека му се допаѓам.

Јас: Дали тој ти се допаѓа тебе?

Ќерката: Кога бои, излегува надвор од линиите. Треба да порасне.

За тоа кој ги изеде колачињата:

Јас: Кој ги изеде сите колачиња?

5-годишната ќерка: Нинџите.

Јас: Не ги видов.

Ќерката: Никој никогаш не ги видел.

Шах-мат.

За смртта:

4-годишната ќерка: Што се случува кога ќе умреш?

Јас: Одиш во рајот.

Ќерката: Не, мислев кога ти ќе умреш, дали ќе ги добијам твоите работи?

За убавите нешта:

Јас: Ајде да ја средиме куќата да изгледа убаво за мама.

5-годишната ќерка: Нејзе не ѝ е важно како изгледаат работите.

Јас: Зошто го велиш тоа?

Ќерката: Се омажи за тебе.

За уморот:

5-годишната ќерка: Девојчињата се уморуваат порано од момчињата.

Јас: Зошто?

Ќерката: Ние го користиме нашиот ум цел ден.

За давањето вештачко дишење:

(Гледаме маж на ТВ како дава вештачко дишење)

5-годишната ќерка: Зошто ја бакнува?

Јас: Не ја бакнува. Ѝ го спасува животот.

Ќерката: Претпочитам да умрам.

За појадокот:

Јас: Време е за појадок.

5-годишната ќерка: Wow тато, не го изгоре толку многу како што обично правиш.

Нејзината пасивна агресивност е на ниво сопруга.

За печалењето:

5-годишната ќерка: Може ли да одиме во Дизниленд?

Јас: Тоа кошта премногу пари.

5-годишната ќерка:

Јас:

Ќерката: Можеш ли да заработиш повеќе пари?

За честитките по раѓањето дете:

5-годишната ќерка: Зошто сите ти честитаат тебе кога мама е таа која го направи?

Јас: Јас помогнав.

Ќерката: Како:

Јас:

Ќерката:

Јас: Ѝ ги читав инструкциите.

За можноста еден ден да забремени:

3-годишната ќерка: Дали еден ден ќе имам бебе во мојот стомак?

Јас: Ако ти го сакаш тоа.

Ќерката: Не фала. Таму ги ставам моите колачиња.

За пубертетот:

5-годишната ќерка: Што е тоа пубертет?

Јас: Тоа е кога твоето тело ќе започне да се менува.

Ќерката: Дали тогаш ќе ги добијам моите супермоќи за замрзнување?

Сакам да бидам принцеза...

5-годишната ќерка: Посакувам да бев принцеза.

Јас: Ти си моја принцеза, а ова е нашето царство.

Ќерката: *Ја разгледува нашата куќа* Ова царство е за никаде.

За дупењето на лист хартија:

Мојата 3-годишна ќерка најмалку 10 минути прободува лист хартија со пенкало.

Не сум сигурен дали вежба уметност или убивање.

Јас: Зошто дупиш дупки во листот?

Ќерката: Вежбам.

Јас: Што вежбаш?

Ќерката: Да дупам дупки.

Мило ми е што го расчистивме тоа.

За Star Wars

Јас: Кој ти е омилен лик од новиот филм Star Wars?

5-годишната ќерка: Кајло Рен.

Одеднаш се загрижувам за тоа каде се движи нашата врска.

Јас: Не можеш да го сакаш Кајло рен. Тој го уби татко си.

Ќерката: Можеби тој си го заслужи тоа.

Никогаш повеќе нема да заспијам.

Покрај разговорите, Брејквел споделува и фотографии од своите девојчиња со хумористични описи.

Џејмс БрејквелЈас: Направивме 1.000 фотографии. Никогаш нема да ги „фатиме“ сите четири деца насмеани истовремено. Сопругата: Добро. Тогаш избери ја најдобрата. Џејмс БрејквелНема потреба од ДНК тест. Сигурен сум дека е моја.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3870 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?