ФОТО: Човечките „Барби“ и „Кен“ имаа лоша средба
Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Човечките „Барби“ и „Кен“ имаа лоша средба

ФОТО: Човечките „Барби“ и „Кен“ имаа лоша средба

Човечките кукли Валерија Лукјанова и Џастин Џедлика се сретнаа во Њујорк за заедничка фотосесија.

21-годишната Украинка која ја имитира популарната Барби се сретна со 32-годишниот Американец кој потрошил 100.000 долари за со помош на 90 пластични операции да изгледа како Кен.

Џастин Џедлика и Валерија ЛукјановаЏастин Џедлика и Валерија Лукјанова

Но, според известувањата на странските медиуми, средбата не поминала добро, бидејќи двајцата започнале да се расправаат за пластични операции и шминки.

„Поголем дел од нејзиниот изглед е додадена шминка, вештачка коса и корсети кои слабеат“ – изјавил Џедлика, коментирајќи го изгледот на Валерија.

Џастин Џедлика и Валерија Лукјанова

На таквиот коментар, Валерија возвратила: „Џастин рече многу лоши нешта за мене, но тој има направено повеќе од 90 операции, додека јас само една. Не кријам дека си имам направено операција. Си ставив импланти на градите бидејќи сакам да бидам совршена.“

„Подобро е тој да не коментира за тоа кој е пластичен, а кој не. Сметам дека е привлечен маж, но има претерано со усните“ – додала таа.

ВалеријаВалерија тврди дека има направено само една пластична операција

Валерија долго време предизвикува дискусии на интернет и придобива многу обожаватели. Многумина ја споредуваат со кукла и тоа многу ѝ годи. „Пријатно ми е затоа што куклата е одраз на идеалната жена. Никому не би му сметало да биде споредуван со кукла“ – рекла таа.

Џастин Секој видлив мускул на телото на Џастин е имплант

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2418 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?