Социјален експеримент: Како минувачите во Скопје реагираат на насилството врз жените?
Почетна » Новости » Занимливости » Социјален експеримент: Како минувачите во Скопје реагираат на насилството врз жените?

Социјален експеримент: Како минувачите во Скопје реагираат на насилството врз жените?

Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент во Скопје за тоа како нашето општество реагира на насилството врз жените и девојките.

„Многумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел, од пасивноста на околните минувачи и очевидци на истото. За таа цел, во склоп на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден. Не подалеку од очекуваното, многу од сведоците на глуменото насилство реагираа глувонемо на агоничните потреби за помош, но некои од нив пак, кои не можеа да премолчат, потегнаа иницијатива и се најдоа на помош, било тоа со физичко (но не и насилно) вмешување или со повик до Полиција. Да земеме пример од нив! Тие се промената што му ТРЕБА на светот!“ – стои во описот на видеото од експериментот.

„Жената е ќерка, мајка, сопруга. Столб на семејството. Речиси некршлива потпора. Молчењето на било какво насилство, вербално, психичко или физичко, не ја прави жената посилна, исто онака како што и насилството не е мерка за машкост. Вистинската сила е во тоа да се каже стоп за насилството врз жената, без разлика на полот“ – е пораката на крајот од видеото.

„Пријави насилство, повиши го гласот, нека се слушне до бесконечност. #слушнија“ – порачуваат од ММСА.

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 5%
  • 54%
  • 4%
  • 15%
  • 1%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 559 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.