Почетна » Новости » Истражувања » Број еден причина поради која мажите ги напуштаат жените и обратно

Број еден причина поради која мажите ги напуштаат жените и обратно

Што би натерало една жена да побара развод? Што би натерало еден маж да ја напушти својата сакана? Ова се прашањата на кои даде одговор глобално истражување спроведено во 15 држави низ светот.

Резултатите од истражувањето покажале дека број еден причина поради која жените ги напуштаат мажите е семејното насилство.

Маж и жена

Во 10 од вкупно 15 држави жените го посочиле семејното насилство како најголема причина поради кој би му кажале збогум на својот маж. Французинките се најостри во тој поглед – 67% од нив изјавиле дека семејното насилство би ги натерало веднаш да побараат развод. Интересно е што само 3% од Французинките на возраст над 45 години би го напуштиле својот сопруг ако тој ги изневери.

Истражувањето покажало дека парите не се причина за разделба. Според резултатите, многу се ретки лицата кои би го оставиле својот партнер ако тој ја изгуби својата работа. Исто така, во повеќето држави само 10% од учесниците изјавиле дека дебелеењето на партнерот би ги принудило да го остават.

„Дебелеењето, невработеноста и дури и неверството може да се променат, насилството никогаш не се подобрува“ – изјавила една од учесничките.

Мажите пак не би можеле да преминат преку неверство. Во 12 од 15 држави мажите го посочиле неверството како број еден причина за да напуштат својата сакана.

„Би ја напуштил својата партнерка ако ме изневери. Секој ден би бил параноичен дали таа ќе ме изневери повторно“ – го објаснил својот избор еден од учесниците.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11171 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.