Почетна » Новости » Занимливости » Мали борци: Четири ангелчиња кои го победија ракот позираа насмеани и весели

Мали борци: Четири ангелчиња кои го победија ракот позираа насмеани и весели

Некои личности уште од мали нозе ја водат најтешката битка – борбата за живот. МекКинли, Клои, Ава и Лорен се храбри девојчиња кои успеаја да извојуваат победа над ракот и денес среќни и насмеани да го живеат своето безгрижно детство.

МекКинли, Клои, Ава и Лорен

Четирите ангелчиња се запознале во детската болница „Johns Hopkins“ во Флорида каде сите се лекувале од различни форми на рак. На Клои ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, што е многу ретка дијагноза кај децата, додека на Ава на двегодишна возраст ѝ била откриена акутна лимфоцитна леукемија.

МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен

Неодоливите другарки денес имаат по 4 и 5 години. Нивната прва заедничка фотографија им била направена во 2016 година кога сите примале терапија и се обидувале да ја „згазат“ страшната болест. „Сите беа на активна терапија првиот пат кога го направивме ова. Неверојатно е да се види колку далеку стигнаа, од тоа што беа ќелави мали бебенца“ – изјавила една од мајките на девојчињата.

МекКинли, Клои, Ава и ЛоренМалите ангелчиња во 2016 година МекКинли, Клои, Ава и ЛоренМалите ангелчиња во 2017 година МекКинли, Клои, Ава и Лорен

„Кога твоето дете ќе се разболи од рак, тешко е да си замислиш ‘нормален’ живот повторно. Многу специјален е моментот кога ја гледаме со нејзините слатки пријатели со кои се зближи додека сите беа многу болни“ – отворено признала мајката на Ава.

ВИДЕО

„Овие девојчиња имаат уникатна врска. Апсолутна радост е кога гледаме како растат и се прилагодуваат надвор од болницата, да бидат децата кои отсекогаш требаше да бидат. Ова никогаш не требаше да им се случи ним“ – изјавил докторот кој ги лекувал четирите девојчиња.

Септември е месец за подигање на свеста за ракот кај децата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.