Карис Зета Даглас со стил го прослави својот 21-ви роденден.
Убавата ќерка на актерите Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас носеше еден од најпознатите фустани на нејзината мајка. Свилената розова креација од Emanuel Ungaro е стара 25 години, а Кетрин ја носеше на доделувањето на филмските награди на MTV во 1999 година во Санта Моника.

„Најсовршениот 21-ви роденден што можев да го посакам“ – напиша Карис, а мајка ѝ и возврати: „Го заслужуваш душо“.






„Среќен 21-ви роденден моја драга Карис! Ни носиш мене и на светот огромна среќа“ – напиша Даглас и сподели фотографија со Карис.

Кетрин исто така на Instagram ѝ го честиташе роденденот на ќерка си.
„Среќен роденден моја убава ќерко. Ти си радоста на мојот живот. Тоа што 21 година те гледам како расцути во најневеројатната жена којашто си денес е дар од Бог кој не го земам здраво за готово и го ценам секој ден од мојот живот. Те сакам со целото срце. Мама“ – напиша таа.



Покрај ќерката Карис, холивудските ѕвезди имаат и еден син, 23-годишниот Дилан.

