Принцот Луи денес полни 6 години.
За да го одбележат овој специјален ден за нивниот син, принцезата Кетрин и принцот Вилијам објавија фотографија и напишаа:
„Среќен 6-ти роденден, принцу Луи. Ви благодариме за сите убави желби денес“.


Како и секогаш, фотографијата на која малиот принц позира со широка насмевка е дело на принцезата Кетрин. Таа пред еден месец сподели дека има рак.






Болеста на Кетрин ѝ била дијагностицирана по операција на стомакот. Сега, Кетрин прима хемотерапија како превентивна метода за спречување на ширење на болеста.

Кетрин и Вилијам имаат уште две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

