Велибор Џаровски-Џаро почина денес по кратко боледување.
Познатиот менаџер, кој има соработувано со најголемите југословенски ѕвезди, го напушти овој свет на 75-годишна возраст. Велибор има соработувано со врвни музички имиња како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Bijelo Dugme“, Тереза Кесовија и Лепа Брена.

Тој има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во својата менаџерска кариера, долга повеќе од три децении.
Џаро беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа. Тој има споделено дека наместил повеќе од 80 натпревари.