Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна сцена во Подгорица: Невеста од Црна Гора испратена од тројцата браќа и татко ѝ до олтарот

Емотивна сцена во Подгорица: Невеста од Црна Гора испратена од тројцата браќа и татко ѝ до олтарот

Невеста од Подгорица стана хит на социјалните мрежи откако беше испратена до олтарот од тројцата браќа и татко ѝ.

Сандра Недељковиќ со огромна насмевка стигна кон својот сакан додека под рака чекореше најпрво со тројцата браќа Немања, Ненад и Никола, за на крајот да биде предадена од татко ѝ Пеџа, кој е и познат музичар.

Четворицата најважни мажи во нејзиниот живот ѝ ја исполнија желбата на убавата невеста и ја испратија до местото каде што ја чекаше нејзиниот избраник.

Недељковиќ Недељковиќ Недељковиќ Недељковиќ

Видеото разнежни многумина, а семејството Недељковиќ доби само комплименти.

Во описот стои:

Четири мажи кои ја чувале целиот нејзин живот – секој на свој начин.

На денот кога тргнала во нов живот, тие не само што ја испратиле – туку ја воделе.

Еден по еден, чекор по чекор, браќата ја предале, како секој од нив да велел: „Ја чував до тука, сега е твој ред!“

Конечно, таткото… оној кој прв ја држел во раце, последниот кој ја предал.

Тоа не беше само влез во салата. Тоа беше приказна за љубовта, за растењето, за силата на семејството.

За секоја сестра која има браќа и татко – ова беше песна без зборови, која срцето ја разбира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27448 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.