Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2018 | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2018

Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2018

Август ќе ни донесе огромна самодоверба и ќе нè поттикне да го покажеме нашиот карактер во полн сјај пред светот. Сонцето во првите три недели ќе патува низ експресивниот лав, зголемувајќи ни ја смелоста. Имаме дозвола да правиме храбри чекори!

Венера ќе ја засили романтиката во нашите животи, зачестувајќи ги моментите кои ќе ни разлетуваат пеперутки во стомакот и ќе ни ја придвижуваат страста низ телото.

Марс речиси во текот на целиот месец ќе се движи ретроградно, што значи дека ќе бидеме полетаргични од обично и веројатно пораздразливи. Препорачливо е да „вежбаме“ трпеливост во периодот до 27 август кога Марс ќе се врати во директно движење.

Со оглед на тоа што Меркур до 19 август ќе се движи ретроградно, можно е да чувствуваме конфузност и да бидеме расеани. Чувајте ги подобро важните документи и податоци. Доколку планирате патување, подготвувајте се со поголемо внимание и по двапати проверувајте дали сте ги зеле најважните работи со себе.

Август ќе биде најповолен за ЛАВОВИТЕ, но и ДЕВИЦИТЕ ќе ги почувствуваат на своја кожа позитивните промени во движењето на небесните тела.

Датум Случување
7 августВенера влегува во вага
7 августУран преминува во ретроградно движење во бик
11 август☽ Настапува млада месечина во лав (парцијално затемнување на Сонцето)
13 августМарс со ретроградно движење влегува во јарец
19 августМеркур преминува во директно движење во лав
23 августСонцето влегува во девица
26 август☽ Настапува полна месечина во риби
27 августМарс преминува во директно движење во јарец

Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 11%
  • 54%
  • 4%
  • 12%
  • 1%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 6162 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.