• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Величествена венчаница од Шанел со 480.000 мониста: Дуа Липа ги сподели првите фотографии од свадбата на Сицилија

21 јуни 2026, 16:00
  • cподели
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер

Свадбените свечености на Дуа Липа со љубопитност беа следени од фановите низ медиумските објави, но досега не беше обелоденета ниту една фотографија од главната прослава која се одржа на Сицилија.

Додека ужива на медениот месец со сопругот Калум Тарнер, музичката ѕвезда сподели моменти од луксузната италијанска венчавка, при што фокусот е на нејзиниот величествен невестински фустан.

Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија

Дизајнирана од креативниот директор на Шанел Метју Блези, венчаницата претставува вистинско ремек-дело за кое биле потребни импресивни 1.155 часа рачна изработка во париските ателјеа.

Фустанот со отворен грб е збогатен со неверојатни 480.000 мониста и 25.000 прецизно аплицирани пердуви. Целосниот изглед е заокружен со 6-метарски вел од тул и рачно изработени сатенски чевли од Massaro. Младоженецот носеше костум од Луј Витон.

Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија
Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер на Сицилија

Самата прослава се одржа во грандиозната Вила Валгуарнера, историско здание од 18 век познато како „малиот Версај“. Меѓу присутните се најдоа звучни имиња како Донатела Версаче, Марк Ронсон и Чарли XCX, а според објавените информации, атмосферата достигнала кулминација со настапот на Елтон Џон, кој ја извел култната „Your Song“. 

Липа и Тарнер склучија граѓански брак на интимна церемонија во Лондон, кога невестата носеше бел комплет од Скијапарели.

Tags
Дуа Липа
Калум Тарнер

Најнови

  • Свадбата на Дуа Липа и Калум Тарнер

    Величествена венчаница од Шанел со 480.000 мониста: Дуа Липа ги сподели првите фотографии од свадбата на Сицилија

    Sun, 06/21/2026 - 16:00
  • Ен Хетавеј

    „Бејби, твоја сум“: Ен Хетавеј со шармантно видео објави дека на 43 години го очекува третото дете

    Fri, 06/19/2026 - 19:10
  • „Ни помогнавте да го оствариме нашиот сон“: По 18 години борба со неплодност, се роди Богдан

    Fri, 06/19/2026 - 15:37
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.