• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Страсти и нежности: Тазе венчаните Дуа Липа и Калум Тарнер на романтичен меден месец во Италија

16 јуни 2026, 22:10
  • cподели

Дуа Липа и Калум Тарнер „лебдат“ од среќа по нивната романтична венчавка. Новопечениот брачен пар беше фотографиран како отворено разменува страсти и нежности за време на нивниот меден месец во Италија.

36-годишниот британски актер не можеше да ги тргне рацете од својата сопруга за време на нивното уживање во морето покрај брегот Амалфи, а 30-годишната поп-ѕвезда изгледаше атрактивно во минијатурни бикини додека се релаксираше во кристално чистата вода.

По повод стапувањето во брак, славната двојка три дена славеше со најблиските на Сицилија. Италијанската свадба на популарниот пар се одржа во величествената Вила Валгуарнера во Палермо, каде младенците си ги разменија заветите пред своите најблиски. 

Пред големата италијанска прослава, парот направи интимна граѓанска венчавка на 31 мај во Лондон, а изгледот на Липа привлече огромно внимание. Инспирирана од екс-сопругата на Мик Џегер, Бјанка, таа носеше уникатна креација на Скијапарели составена од блејзер со боја на слонова коска украсен со златни копчиња со надреалистички мотиви и асиметрично здолниште.

Дуа и Калум се во врска од јануари 2024 година, а радосната вест за нивната свршувачка ја потврдија во јуни минатата година.

Tags
Дуа Липа
Калум Тарнер

Најнови

  • Матијан Кузмановски

    „Matijan is 2 Fast“: Ракометарот Филип Кузмановски и сопругата Моника со тркачка роденденска забава за синчето

    Mon, 10/26/2026 - 08:35
  • Сестрата на Кристијано Роналдо си го трансформираше телото, го прослави 49-тиот роденден во бикини

    Sun, 10/25/2026 - 22:10
  • Ивона Антова

    „Колку сурово е да му честиташ роденден на детето кон небото“: Мајката на Ивона, која загина во пожарот во „Пулс“, со потресно писмо

    Sun, 10/25/2026 - 18:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.