По интимната венчавка во Лондон, Дуа Липа и Калум Тарнер организираа свадбена прослава на Сицилија.
Прославата на 30-годишната музичка ѕвезда со косовско потекло и 36-годишниот актер траеше три дена. Таа започна со улична забава во центарот на Палермо, а заврши со спектакуларен огномет кој можел да се види од повеќе делови на градот. Среќните младенци беа фотографирани додека се забавуваа со гостите.
Дуа носеше бел фустан со пердуви направен специјално за неа од Bottega Veneta.
Италијанската свадба на славниот пар се одржа во саботата во величествената Вила Валгуарнера во Палермо, каде младенците си ги разменија заветите пред своите најблиски.
Атмосферата била како од филм, а посебен момент бил изведувањето на песната „Your Song“ од страна на легендарниот Елтон Џон, кој седнал зад пијаното и им ја посветил на младенците.
Меѓу гостите беа бројни познати имиња од светот на музиката и модата, меѓу кои Донатела Версаче, Џо Алвин, Charli XCX, Кевин Паркер и Марк Ронсон. За музичката програма биле ангажирани светски познати диџеи.
Дуа и Калум официјално стапија во брак на 31 мај. За церемонијата, пејачката избра елегантен бел костум од модната куќа Schiaparelli, додека актерот носеше темносин костум.

Парот ја потврди свршувачката во 2025 година, откако првпат беа поврзани во јавноста на почетокот на 2024 година. Во интервју за британскиот Vogue, Дуа откри дека се запознале во ресторан во Лондон и откриле дека во исто време ја читаат истата книга.
Таа тогаш призна и дека во иднина би сакала да стане мајка, но дека не сака да брза со таквите животни одлуки.