• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Matijan is 2 Fast“: Ракометарот Филип Кузмановски и сопругата Моника со тркачка роденденска забава за синчето

26 октомври 2026, 08:35
  • cподели
Матијан Кузмановски

Тркачки автомобили, карирани знамиња и многу балони го претворија вториот роденден на малиот Матијан во вистинска автомобилска авантура.

Филип Кузмановски и неговата сопруга Моника организираа тематска прослава за синчето, кое на 25 октомври наполни две години.

Под мотото „Matijan is 2 Fast“, роденденската декорација беше инспирирана од светот на автомобилските трки, со впечатливи детали во црвена, црна и бела боја.

Малиот славеник позираше во црвен автомобил, а посебно внимание привлекуваше и роденденската торта на два ката, украсена со карирани детали, минијатурен автомобил и топчиња во форма на фудбалски топки.

На семејните фотографии, капитенот на македонската ракометна репрезентација и неговата избраничка позираат со Матијан и најновото членче на семејството, ќеркичката Каја, која се роди на 27 август годинава.

Филип Кузмановски и сопругата Моника
Филип Кузмановски и сопругата Моника
Филип Кузмановски и сопругата Моника
Филип Кузмановски и сопругата Моника

Филип и Моника се во брак од 2019 година, а во јули 2022 година направија свадбена прослава.

Филип Кузмановски и Моника Игнова со синчето Матијан
Филип Кузмановски и Моника Игнова со синчето Матијан
Филип Кузмановски и Моника Игнова со синчето Матијан
Tags
Филип Кузмановски
Моника Кузмановски

Најнови

  • „Имав повеќе од 50 операции“: Најдобри пријателки кои го преживеаја пожарот во Кран-Монтана ги покажаа лузните

    Mon, 10/26/2026 - 09:05
  • Матијан Кузмановски

    „Matijan is 2 Fast“: Ракометарот Филип Кузмановски и сопругата Моника со тркачка роденденска забава за синчето

    Mon, 10/26/2026 - 08:35
  • Сестрата на Кристијано Роналдо си го трансформираше телото, го прослави 49-тиот роденден во бикини

    Sun, 10/25/2026 - 22:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.