Кристина Спасеноска ја доби титулата „Мис на Македонија“. 21-годишната девојка од Кичево ќе ја претставува нашата држава на престижниот натпревар за убавина „Miss World“.
Објавени се составите на жири-комисиите што ќе одлучуваат за наградите во натпреварувачките селекции на Фестивалот „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 14 до 20 септември во Битола. Дознајте ги тука.
Вентворт Милер откри пред јавноста дека е хомосексуалец. Ѕвездата од „Prison Break“ ја откри својата сексуална ориентација во писмо со кое одбива да присуствува на фестивал во Русија поради тамошниот лош однос кон ЛГБТ заедницата.
Принцот Вилијам и војвотката Кетрин објавија две неформални семејни фотографии. Облечени во кежуал стил, гордите родители позираа со малиот принц Џорџ. Погледнете ги тука.
Џесика Симпсон, како и секоја мајка, се гордее со своето малечко. 33-годишната ѕвезда објави преслатка фотографија од својата мала ќерка Максвел, гордо коментирајќи дека е неверојатно убава. Погледнете ја тука.
Бијонсе веројатно не e многу задоволна од новата кратка фризура со која ги изненади своите фанови минатата седмица. На првите фотографии по потстрижувањето, 31-годишната пејачка има нова надградба на косата.
Адријана Лима ги користи деновиве за семејни средби. Привлечната Бразилка го помина Националниот ден за релаксација во друштво на својот сопруг и слатките ќеркички. Погледнете фотографии.