Парис Хилтон вчера во судот во Лос Анџелес призна дека поседувала кокаин кога кон крајот на минатиот месец беше уапсена од полицијата. Со тоа, таа избегна затворска казна и доби парична казна од 2000 долари и 200 часа добротворна работа.
Сигурно некогаш сте се запрашале „Која е смислата на животот?“, „Постои ли живот на други планети?“ или пак „Што е љубов?“. Па, не сте единствените, затоа што овие вечни прашања се наоѓаат на листата на топ 10 прашања кои не можат да се одговорат. Дознајте кои се останатите.
За време на викендот непланирано на интернет се појави нов весел спот на Ријана и Дејвид Гета за песната „Who's That Chick“. Погледнете го забавното видео.
Шерил Кол влезе во улогата на прима балерина за новиот спот на песната „Promise This“ и покажа дека е подготвена да се врати на музичката сцена. Погледнете го видеото.
Конечно се појавија целосните рекламни видеа на Меган Фокс и Кристијано Роналдо за брендот Армани. Во нив, 24-годишната актерка и 25-годишниот фудбалер го заробуваат вниманието на персоналот на еден хотел со нивните секси тела.
Американското списание Star објави вест дека Ештон Кучер ја изневерил својата сопруга Деми Мур со 21-годишната Бритни Џонс, којашто тврди дека имале секс во неговата вила. Но, адвокатот на Ештон набрзо ги оцени овие гласини како невистинити.
Новиот брачен пар, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, го очекуваат своето прво дете. И официјално е потврдено дека 36-годишната актерка е веќе 4 и пол месеци бремена, а нејзиното стомаче веќе започнува брзо да расте.
Како што знаете, вчера се одржа доделувањето на Видео музичките награди на MTV. Еве неколку од најинтересните моменти на вечерта, меѓу кои настапот на Еминем, Ријана, Дрејк, Џастин Бибер, како и појавата на Лејди Гага во фустан од месо.
Сите го паметат моментот кога минатата година Кание ѝ го зеде од рацете микрофонот на Тејлор Свифт. Но, на овогодинешното доделување на MTV видео музичките награди, Тејлор самоуверено го држеше микрофонот и со емотивна изведба му возврати на Кание. Погледнете го видеото.