Фотографија од Бритни Спирс предизвика дебати на интернет. Дел од обожавателите на Бритни сметаат дека познатата поп ѕвезда започнала да слабее подготвувајќи се за свадбата со Џејсон Травик, но скептиците веруваат дека фотографијата е резултат на лош Фотошоп. Погледнете ја тука.
Ким Кардашијан заработува и од роденденот на војвотката од Кембриџ. По повод 30-тиот роденден на Кејт, познатата риалити ѕвезда создаде чевли наречени „Војвотката“, кои ги продава онлајн. Погледнете ги тука.
Аналин МекКорд, ѕвездата од тинејџерската серија „90210“, случајно објави своја топлес фотографија на Twitter, без да забележи дека на неа се гледа малку повеќе отколку што би сакала.
Очајните домаќинки се враќаат со сексапилна фотосесија за да го одбележат започнувањето на вториот дел од последната сезона на популарната серија. Погледнете ги фотографиите, како и двете промотивни видеа кои ќе ви дадат можност да ѕирнете во последните авантури на домаќинките од Вистерија Лејн.
Бијонсе и Џеј-Зи добија девојче. Иако сè уште нема официјална изјава од среќните родители, Ријана и други блиски на познатиот пар започнаа да им честитаат на друштвените мрежи. Прочитајте повеќе.
Откако Џенифер Лопез престана да ја крие својата врска со 24-годишниот Каспер Смарт, и Марк Антони реши да ја покаже новата 24-годишна девојка, објавувајќи приватна фотографија на Facebook. Погледнете ја тука.
По една година брак, Расел Бренд побара развод од Кети Пери. Документите за развод 36-годишниот комичар ги поднел во Лос Анџелес и во нив како причина за разводот е наведено: „непремостливи разлики“.
Сара Џесика Паркер, Хајди Клум и Џенифер Анистон се славните ѕвезди кои најмногу можат да ги натераат луѓето да купат одредено списание. Од друга страна, Џастин Бибер воопшто не е „привлечно“ лице за насловна на списание. Прочитајте повеќе.
Алесандра Амбросио и нејзиниот вереник Џејми Мазур го очекуваат своето второ дете. Прекрасната 30-годишна манекенка, која редовно дефилира на ревиите на Victoria’s Secret, потврдила дека е бремена.
Кога вашето име е Ким Кардашијан, Нова Година не е резервирана само за забава, туку и за голема заработка. 31-годишната старлета ќе ја започне новата година со чек од 600.000 долари, кои ќе ги добие за да се појави во клуб во Лас Вегас.
Лејди Гага втора година по ред ја добива титулата „Најхумана славна личност“. Организацијата DoSomething.org на својата листа на најхумани ѕвезди меѓу другите ги постави и Џастин Бибер, Џорџ Клуни, Леонардо Дикаприо, Бред Пит и Анџелина Џоли.