Синоќешното доделување на престижните награди Оскар помина во знакот на црно-белиот француски филм „The Artist“, кој доби пет златни статуетки. Жан Дижарден беше прогласен за Најдобар актер, а Мерил Стрип за Најдобра актерка. Прочитајте повеќе.
Видеото од моментот на црвениот тепих кога на Зак Ефрон од џебот му паѓа златно пакетче (за кое се верува дека е кондом), стана интернет хит. Погледнете го тука.
Сашко Коцев ќе ја остави во нашите сеќавања петнаесеттата по ред „Златна Бубамара“ со неговиот романтичен предлог за брак. Погледнете како Сашко ја побара раката на својата девојка Смиљана.
„Витни: Последната фотографија“ – овие зборови се најдоа на морбидната насловна страна на американскиот таблоид National Enquirer, а покрај нив стои фотографија од телото на Витни во отворен ковчег.
Деновиве се појави интересно видео на интернет – Сашко Коцев, кој вечерва треба да ја води Златната бубамара на популарноста, можеме да го видиме како вежба во екстремно тешки услови. Поуживајте во сликиве кои ги обезбедивме специјално за вас.
Џенифер Анистон вчера беше почестена со ѕвезда на холивудската Патека на славните. 43-годишната актерка ја доби 2.462-рата ѕвезда. Погледнете ги фотографиите.
Адел ја дополни својата колекција статуетки со два трофеи освоени на синоќешното доделување на Британските музички награди. Додека ја примаше втората награда, Адел го покажа средниот прст, бидејќи нејзиниот говор беше прекинат. Прочитајте повеќе.
Скопјанецот Стефан Лошковски ја освои титулата „Mister Sea World 2012“. Згодниот Македонец победи на изборот одржан во Перу и освен главното признание, ја доби и титулата за најубаво лице.
Фотосесијата на Кортни Стоден инспирирана од Мерилин Монро е далеку од пристојна. 17-годишната сопруга на 51-годишниот актер Даг Хачинсон позираше провокативно во бел фустан, обидувајќи се да ја долови популарната филмска сцена на Мерилин. Погледнете ги фотографиите.
42-годишната Џенифер Лопез за Св. Валентин на својот Twitter профил објави фотографија на која 24-годишниот танчар Каспер Смарт нежно ја прегрнува, но неколку часа подоцна ја избриша. Прочитајте повеќе и погледнете ја интимната фотографија.
Мајките од контроверзното шоу „Toddlers and Tiaras“ секогаш ги прикажуваат своите ќерки како кукли и за таа цел им ги депилираат веѓите, им ги избелуваат забите и ги облекуваат во несоодветни секси костими. Погледнете како изгледаа „амбициозните“ мајки облечени како своите ќерки.