Линдзи Лохан вчера била осудена на 90 дена затвор, откако ја прекршила условната казна. Линдзи треба на 20 јули да се предаде во судот за одлежување на казната.
Вчера на Париската недела на високата мода беше покажана колекцијата на Диор за сезоната есен/зима 2010. Публиката била воодушевена од веселите креации и целата ревија беше позитивно прифатена од критичарите. Погледнете дел од ревијата.
Лејди Гага стана првата жива личност што успеала да достигне 10 милиони обожаватели на Facebook, надминувајќи го бројот на обожаватели на американскиот претседател Барак Обама и актерот Вин Дизел.
Кристијано Роналдо стана татко на машко дете. На неговиот веб сајт и на неговите страни на Facebook и Twitter вчера вечерта се појави соопштение од самиот Роналдо во коешто тој објавува дека станал татко, но не го открива идентитетот на мајката на бебето.
Слушнете го новиот сè уште необјавен албум на Кајли Миног плус две други песни кои не се дел од албумот и шпанската верзија на популарната „All The Lovers“ – „Los Amores“.
Шармантната актерка Оливија Вајлд е прогласена за најсекси вегетаријанка за 2010-та година од страна на организацијата за заштита на правата на животните ПЕТА. Од машките вегетаријанци, за најсексапилен беше прогласен личниот тренер Боб Харпер.
Бритни Спирс во соработка со Candies креираше колекција на облека и модни додатоци. Погледнете ја модната ревија на која беше претставена новата колекција на Бритни.
Лејди Гага позираше како маж за фотографот Ник Најт. Фотографиите на кои е прикажана Гага во машка облека треба да се појават во септемвриското издание на Vogue Hommes во Јапонија. Погледнете ги.
„Форбс“ ја објави овогодишната листа на најмоќните личности од светот на шоу-бизнисот. Опра Винфри, Бијонсе, Лејди Гага, Бритни Спирс и Џејмс Камерон се во првите 10. Погледнете кој друг успеа да си обезбеди место на листата.
Американските медиуми денес објавија дека Меган Фокс и Брајан Остин Грин тајно стапиле во брак. Младиот пар не чекаше долго по втората свршувачка и го кажа судбоносното „да“ на интимна церемонија во Хаваи.