• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Почина Мајкл Кларк Данкан, нежниот џин од филмот „Green Mile“

4 септември 2012, 09:25
  • cподели

Светот на шоу-бизниот денес тагува за смртта на Мајкл Кларк Данкан. Актерот којшто влегуваше под кожа со својата топла насмевка почина на 54-годишна возраст.

Мајкл Кларк ДанканМајкл Кларк Данкан

Веста за смртта ја потврди неговата свршеница, Омароса Мениголт. Мајкл починал во болница каде што закрепнувал по срцевиот удар кој го доживеал во јули. Тогаш го спасила токму Омароса, со тоа што му дала вештачко дишење и го одржала во живот додека не пристигнала брзата помош. За жал, Мајкл не закрепна од срцевиот удар.

Мајкл и неговата свршеница ОмаросаМајкл и неговата свршеница Омароса

Во текот на својот живот Мајкл освои многу фанови, основно затоа што неговиот мускулест изглед беше чиста спротивност на неговиот топол и нежен карактер. Ако некогаш сте го гледале филмот „Green Mile“, сигурно до денес не сте ја заборавиле неговата фантастична изведба, за која беше номиниран за Оскар.

Green MileСцена од „Green Mile“, во кој Мајкл беше осуден затвореник

Пред да ја започне својата актерска кариера, Мајкл работел како телохранител на познати лица како Вил Смит и Џејми Фокс. Тој бил најмен да го заштитува раперот The Notorious B.I.G. ноќта кога бил убиен. Само неколку часа по тоа убиство, Мајкл се откажал од работата како телохранител.

Мајкл беше дел и од многу други филмски остварувања како „Armageddon“, „The Whole Nine Yards“, „Sin City“, „Planet of the Apes“ и „Kung Fu Panda“.

Мајкл Данкан и Том Хенкс во Green Mile

Tags
Мајкл Кларк Данкан
Green Mile

Најнови

  • Златен глобус 2026

    Холивудски гламур: Модата на Златен глобус 2026

    Tue, 01/13/2026 - 19:28
  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.