• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Тело

Ноќни бјути навики за свеж и привлечен изглед

15 август 2011, 01:19
  • cподели

Го мразите поспаниот уморен изглед наутро? Сакате да изгледате свежо и привлечно? Тогаш треба да започнете да го подготвувате својот утрински изглед уште од вечерта.

Ви ги претставуваме најдобрите 10 ноќни ритуали кои ќе ви помогнат наредниот ден да се разбудите одморени и лесно да ја преминете транзицијата од поспан до фантастичен изглед:

Ноќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавинаНоќен ритуал за убавина

Исчистете ја и нахранете ја кожата на лицето.

Во текот на ноќта кожата на лицето се обновува и разубавува, па не смеете во тој период да ја оставите да се мачи со шминка и на неа да се трупаат нечистотии. Колку и да сте уморни, неопходно е да најдете две минути за да ја исчистите шминката и да го измете лицето. Со тоа ќе го спречите појавувањето на акни, црнки, брчки и непријатни иритации. По миењето на лицето, навлажнете ја кожата со хидратантен крем, а ако имате над 30 години, редовно употребувајте и крем за нега на нежната кожа околу очите. Ако си легнете со шминка, утрото нема да можете да го добиете оној свеж сјај што го посакувате.

Скубнете ги непосакуваните влакненца.

Оформувањето на веѓите или депилирањето на надусниците е најдобро да го правите навечер, особено ако имате чувствителна кожа. Црвенилото кое се појавува по депилацијата или кубењето најверојатно ќе исчезне до наредното утро, затоа што кожата ќе има доволно време да се ослободи од иритацијата.

Измијте ги забите и исчистете ги со конец за заби.

Миењето на забите е првата ноќна навика која ја учиме уште од најмали нозе. За многу луѓе миењето на забите доаѓа автоматски, без воопшто да мислат на тоа. Чистењето на забите со конец е исто толку важно колку и миењето. Не е задолжително да го правите секојдневно, но пожелно е да го практикувате често. Со конецот ги отстранувате наслагите кои се трупаат помеѓу забите, а до кои четката не може да достигне. За поблескава насмевка, ставете го чистењето со конец во вашите ноќни ритуали.

Погрижете се за усните.

За да се разбудите со меки усни наместо со испукани, потребно е навечер да се погрижите за нивната нега. По миењето на забите, со четката протријте ги горната и долната усна по неколку пати. На тој начин ќе се ослободите од мртвите клетки и сувата кожа. Потоа, пред да потонете во светот на соништата, ставете си балсам за усни или вазелин. Наредното утро ќе обожавате да се смеете пред огледало.

Подгответе си облека за наредниот ден.

Издвојте си неколку минути за да изберете каква облека ќе носите на работа наредниот ден. Така ќе можете релаксирано да направите убава комбинација. Освен тоа, наредното утро нема да треба да брзате и да трчате до работното место, па освен подотерани, ќе изгледате уште посвежи и поодморени.

Ставете две лажици во фрижидерот.

Ако имате проблеми со подочници, пред да си легнете ставете две лажици во фрижидер. Наредното утро поставете ги лажиците врз затворени очи околу 10 минути. „Перничињата“ под очите видливо ќе се намалат.

Истегнете се.

Не мора да знаете јога вежби, едноставно протегнете ги мускулите по целото тело. Тоа ќе ве релаксира и ќе можете да спиете поцврсто. Добриот сон ќе ви донесе уште попривлечен изглед наредното утро.

Легнете си во чисти чаршафи.

Чаршафите многу влијаат врз убавината на кожата. Постојано на чаршафите се насобира прашина, нечистотии и мртви клетки од вашата кожа, па за сето тоа да не се најде врз вашето лице и тело, потребно е да внимавате на чистотата на чаршафите. Менувајте ја навлаката на перницата на секои 3-4 дена, а комплетно менувајте ги чаршафите еднаш неделно. Не само што ќе се чувствувате попријатно кога ќе легнете во нив, туку и ќе ја спречите појавата на акни и комедони.

Користете сатенска или свилена навлака за перница.

Мазниот материјал ќе ја зачува убавината и на вашата кожа и на вашата коса. Свилената навлака нема да ја збрчка кожата на лицето, што ќе резултира со помалку линии во староста, а исто така ќе го спречи непријатното разлетување (електрицитет) на косата.

Легнете на грб, а не на стомак.

Ако спиете на стомак, притисокот од тежината ќе ја збрчкува кожата не само на вашето лице, туку и на вашите гради и деколтето.

Ноќни ритуали на славните

Џесика Алба: „Понекогаш ставам крем за очи на усните “. (За да бидат помеки наредното утро)

Ким Кардашијан: „Мислам дека сите имаме сатенски перници за спиење. Ако спиеш на сатенска перница, нема да имаш толку брчки“.

Клои Кардашијан: „Еднаш неделно ставам вазелин на лактите, колената и стапалата и спијам така. Ставам чорапи и се колнам дека тоа е најевтиното нешто што можете да го купите, а што толку многу навлажнува.“

Ешли Грин: „Секогаш имам нешто од лаванда до мојот кревет, затоа што ми помага за се релаксирам и мириса неверојатно.“

Лејтон Мистер: „Бањање. Тоа е мојот ритуал навечер. Без оглед колку е доцна, кога ќе се вратам дома, морам да потонам во вода – така се релаксирам. Палам свеќи, пуштам музика.“

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.