Богдана Ражнатовиќ позираше со трите дечиња по скандалот со бубамара-костимот со здолниште на синот во градинка
Богдана Ражнатовиќ сподели нежна семејна фотографија со своите три дечиња.
Сопругата на Вељко Ражнатовиќ објави и емотивна порака за љубовта меѓу мајката и децата, привлекувајќи го вниманието на своите следбеници.
„Мајката е срцето на семејството, а нејзините деца се најубавиот дел од нејзиниот свет“ - напиша Богдана во описот на фотографијата на која позира со малите Жељко, Крстан и Исаија.
Нејзината објава доаѓа по скандалот со бубамара-костимот со здолниште во кој го облекле синот во градинка. Пред неколку дена, Вељко на социјалните мрежи објави за случката и предизвика бројни коментари и реакции на социјалните мрежи.
„Добар ден. Не правам често какви било објави на Instagram, но мислам дека ова е многу важно за секое дете, а и генерално за српството и христијанството во Србија.
Доживеав мојата сопруга да дојде во градинка и на мојот најмлад син да му биде облечен костим бубамара, кој всушност е здолниште. Женско здолниште, кое ќе ви го покажам и на фотографија.
Кога прашавме зошто е тоа така, ни рекоа дека сите костими се слободни за децата и дека секое дете може да го земе оној што го сака. Јас прашав дали воспитувачот не е таму за да му објасни на детето:
Сине, ова е за женско, а ова е за машко? Зарем не треба да се прави таква разлика?“ – раскажа Ражнатовиќ.