Никол Ричи кон својот бренд House of Harlow 1960 додаде и линија чанти. Колекцијата вклучува чанти во различен стил и може да се најдат и кежуал и поформални модели. Погледнете ги овде.
Малку од нас веруваа дека Кристијан Лобутин може да достигне нови височини кога станува збор за штиклите на неговите обувки. Но, и тоа се случи. Погледнете ги чевлите со штикла од 20 сантиметри во кои може да влезе единствено нога на балерина.
Хајди Клум ќе лансира колекција бижутерија во соработка со компанијата QVC. Накитот е изработен од убави камења и метал. Погледнете дел од колекцијата.
По петгодишно затишје, Версаче ја лансира првата реклама за парфемот Bright Crystal. Заштитно лице на кампањата е познатиот ангел на Victoria’s Secret, Кендис Сванапул.
Го обожавате гламурот и елеганцијата на ретро облеката? Тогаш сигурно ќе ви се допадне новата колекција на Banana Republic, инспирирана од хит серијата „Mad Men“. Погледнете ги фотографиите.
Модната куќа Диор за првпат реши да претстави своја колекција преку Lookbook. Прекрасните фотографии од колекцијата есен/зима изгледаат исто толку романтично, колку и софистицирано и драматично. Погледнете ги тука.
Познатиот супермодел Клаудија Шифер ја имаше честа да биде рекламно лице на новата есенска колекција престижни очила на Шанел. Погледнете ги фотографиите направени од самиот Карл Лагерфелд.
Во есенската кампања на Кристијан Лобутин, неговите најнови креации се вклопени во портрети инспирирани од легендарни уметнички слики. Погледнете ги фотографиите.
Во Pre Fall колекцијата обувки на Џими Чу преовладуваат нежни романтични крем нијанси и богати тонови на бордо, а можете да најдете од елегантни сандали на висока штикла, до модифицирани кломпи, балетанки и моторџиски чизми. Погледнете ги тука.